Утрински Весник
Свет

Во Словенија седум нови случаи на коронавирус

Словенија врати дел од мерките, состојбата слична како почетокот на епидемијата во март

Во Словенија, во последните 24 часа, се потврдени само седум нови случаи на коронавирус, но направен е само 371 тест, што е вообичаено за време на викендите, објави словенечката влада.

Хоспитализирани се 19 пациенти со Ковид-19, од кои тројца се на интензивна нега.

Втор ден по ред, по долго време, повторно е регистриран смртен случај, така што сега бројот на смртни случаи од коронавирусот се искачи на 113.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камион со течен гас експлодира на автопат во Сантијаго – четворица загинати, 17 повредени

Снежното невреме остави 19.000 домаќинства без струја во североисточна Словенија

Макрон за царините на Трамп: Добро е да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки