Утрински Весник
Македонија

Филипче: Барам МВР да спроведe истраги за забавите во повеќе градови

Филипче: На денот на изборите ќе биде безбедно да се гласа

Министерот за здравство Венко Филипче ја повика полицијата да спроведе истраги за забавите кои биле организирани деновиве во повеќе градови.

„Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин! Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца. Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано“, порача Филипче на Фејсбук.

Ваквата реакција доаѓа откако медиумите објавија дека и покрај забраната за работа на ноќните клубови, во Струмица два дена по ред се одржуваат забави со гужви, турканици и неконтролиран влез на гости. Забавите се со музика во живо, а настапуваат популарни артисти од земјава. Пазарниот инспекторат во петокот направил контрола и веќе поднел кривична пријава за клубот „Аватар“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЛДП: Притисокот успеа, стоп за „Скопје 2028″! Скопје заслужува европска култура, а не европска престолнина на набавки зад затворени врати

Двајца скопјани измамени за над 35.000 евра со лажни крипто валути

Мицкоски: Очекувам Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар, а не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци