Утрински Весник
Свет

Седуммина млади луѓе убиени на езеро во Панама

Седуммина млади луѓе убиени на езеро во Панама
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Седуммина млади луѓе биле убиени на езеро во Панама. Нивните тела биле пронајдени на езеро на 80 километри оддалечено од главниот град, соопштија надлежните во Панама.

„Телата на четири девојчиња и тројца мажи на возраст меѓу 17 и 22 години се пронајдени во саботата“, рече обвинителот Адолфо Пинеда и додаде дека некои кои успеале да го избегнат нападот и помагаат на полицијата во нивната истрага.

Според Ројтерс, телата на жртвите покажале видливи повреди предизвикани од огнено оружје, но точните причини за смртта не се утврдени. Не се познати мотивите за нападот.

Локалните медиуми објавија дека семејствата на жртвите го пријавиле исчезнувањето на нивните најблиски во петокот.Првичните информации се дека младите оделе на пливање на езерото Гатун, вештачко езеро што е дел од Панамскиот канал.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула