Утрински Весник
Свет

Дури 71 отсто од заразените во Русија се опоравиле од вирусот

Русија ја заврши првата фаза на испитувањата на вакцина против Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа закрепнале скоро 3.500 пациенти во Русија, што значи дека бројот на оние што го победиле коронавирусот надминал 550.000. Според податоците на кризниот центар, 71 процент од заразените се опоравиле од вирусот.

Од вчера, регистрирани се 6.109 нови случаи на Ковид-19 и 95 смртни случаи. Тоа е најмал број на смртни случаи за еден ден од 29 јуни, според ТАСС.

Во Русија од почетокот на пандемијата се заразени 771.546 луѓе, а починале 12.342 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукоил пумпите во САД под санкции

Трамп: Имав многу продуктивен телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски

Силна бура ги погоди нордиските земји: Три лица загинаа во Шведска