Утрински Весник
Свет

Приштина испрати протестна нота поради книгата за христијанството во Косово

Приштина испрати протестна нота поради книгата за христијанството во Косово

Министерот за надворешни работи и дијаспора на привремените институции во Приштина, Мелиза Харадинај Стубла испрати нота до Европската комисија. Нотата е испратена поради книгата „Христијанското наследство на Косово и Метохија“, која во четвртокот била ставена на масата за време на состанокот меѓу комесарот на ЕУ за проширување и соседска политика Оливер Вархели и српскиот претседател Александар Вучиќ во српската мисија во ЕУ во Брисел.

„Министерството за надворешни работи и дијаспората на Косово до Европската комисија за преговори за проширување го изразува својот силен протест во врска со вестите и фотографиите објавени во други официјални медиуми и преку социјалните мрежи, на кои се гледа Оливер Вархели на средбата со Александар Вучиќ, додека во позадината е книгата што промовира етничка омраза со навредлива содржина и неприфатливо име за Косово“, се наведува во нотата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари