Утрински Весник
Спорт

Ренато Санчез и двајца соиграчи од Лил имаат коронавирус

Ренато Санчез и двајца соиграчи од Лил имаат коронавирус

Тројца фудбалери на францускиот прволигаш Лил, Ренато Санчез, Џонатан Иконе и Џонатан Бамба се позитивни на коронавирусот, откри вчера нивниот тренер, Кристоф Галтие.

„Санчез, Бамба и Иконе се позитивни. Тие се дома и се надеваме дека брзо ќе се вратат“ – изјави Галтие вчера по победата од 2-1 на пријателскиот дуел против белгиски Мускрон.

Санчез веројатно се заразил во Португалија, по 8 слободни дена. Тој се уште е во татковината и не може да патува затоа што треба да помине два негативни теста.

„Имав 8 слободни дена и видов како се однесуваме во Франција. Тоа е вистински неред. Во нашата земја очигледно мораме да забрануваме, не да препорачуваме, туку да забрануваме“ – изјави Галтие.

Франција е единствената земја од петте најсилни европски фудбалски лиги чие првенство е прекинато поради пеандемијата на коронавирусот и воопшто не продолжи.

На 24. овој месец е предвидено одигрување на финалето во Купот меѓу ПСЖ и Сент Етјен.

> Ренато Санчез и двајца соиграчи од Лил имаат коронавирус <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига