Утрински Весник
Свет

(Видео) Застрашувачка сцена на езеро во Флорида, тројца пријатели застрелани и масакрирани

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Полицијата во Флорида го испитува убиството на тројца блиски пријатели кои биле претепани и застрелани на езеро додека рибареле. Тие во петокот вечерта тргнале на риболов на езерото Стрит во Фростпруф, каде биле пронајдени нивните тела.

„Најдовме ужасна сцена“, изјави шерифот Грејди Џад пред новинарите, додавајќи дека видел многу убиства, но тоа е едно од најстрашните во неговата кариера, објави Фокс Њуз.

Телата на тројца пријатели, 20-годишниот Демион Тилман, 28-годишниот Брендон Ролинс и 30-годишниот Кивин Спрингфилд, како што рече шерифот, биле масакрирани.

Тројцата пронашле оддалечено место во шумата крај езерото, но биле нападнати неколку минути по нивното пристигнување. Полицијата била известена од таткото на Ролинс, кого го разбудил неговиот син со повик за помош.

Тој дошол на местото на злосторството околу десетина минути по повикот и го нашол неговиот син како сѐ уште покажува знаци на живот, а другите двајца пријател се веќе мртви, изјави шерифот, додавајќи дека нивниот татко ја повикал полицијата од бензинска пумпа, затоа што брзајќи го заборавил својот мобилен телефон.

Синот успеал да му каже неколку реченици на својот татко, но она што му го кажал „сè уште не е за објавување“, соопшти полицијата.

Ролинс починал пред да пристигне брзата помош.

Одговарајќи на прашањето на новинарите дали младите луѓе ги познавале убијците, шерифот одговори дека тој сè уште не може да каже ништо со сигурност, но дека „ова не е место каде што едноставно ќе налетате на некого“.

Истрагата е во тек.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел