Утрински Весник
Спорт

Кантер: Турците во НБА се плашат да зборуваат со мене, да не ги види некој

Кантер: Турците во НБА се плашат да зборуваат со мене, да не ги види некој

Центарот на Бостон Селтикс, турскиот интернационалец Енес Кантер е познат како голем противник на режимот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, поради што е во немилост на турските власти.

Тој раскажа како со него се однесуваат другите турски интернационалци во НБА лигата.

„Она што ме боли најмногу е начинот на кој другите турски играчи во НБА се однесуваат кон мене. Ерсан Илјасова игра во Милвоки, Чеди Осман во Кливленд, а Фуркан Коркмаз во Филаделфија. Секогаш кога играме едни против други тие не зборуваат ниту збор. Јас се обидувам да започнам разговор со нив, ги прашувам како се, не ми одговараат, се плашат турските власти да не ги видат како зборуваат со мене. Некогаш се обидувам да ја покријам устата, но и тогаш тие ја вртат главата“ вели Кантер.

Кантер, кој е поддржувач на покретот на Фетулах Ѓулен кој во 2016 година се обиде да направи преврат во Турција, го изгубил контактот и со своето семејство.

„Посебно ми е жал за Илјасова, игравме заедно во Оклахома. Тие се плашат, ги разбирам. Јас сум секогаш горд што сум Турчин и што ја претставувам Турција, а мојата земја сега ме нарекува терорист“ – вели Кантер.

Тој во НБА е од 2011, настапуваше за Јута, Оклахома, Њујорк и Портланд пред да дојде кај Селтикси.

> Кантер: Турците во НБА се плашат да зборуваат со мене, да не ги види некој <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра