Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтерова скала ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки институт.Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 18 километри југоисточно од местото Вау, на длабочина од 85,2 километра под површината на земјата.

Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во тихоокеанскиот „Огнен прстен“, формиран од ланец на сеизмички активни области и вулкани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела

Руски напад во близина на Киев, најмалку 27 мртви

Над 600 мртви во Непал и Кина, илјадници се уште се водат како исчезнати