Утрински Весник
Свет

Веќе 7 дена нема нови случаи на коронавирус на Малта

Веќе 7 дена нема нови случаи на коронавирус на Малта

Нов случај на инфекција не е регистриран на Малта веќе една недела, за прв пат од 7 март кога коронавирусот беше откриен во таа островска земја.

Министерот за здравство Крис Фирна потврди на Твитер дека нема нови случаи веќе една недела. Последното новозаболено лице е регистрирано на 9 јули, пренесува „Ројтерс“.

„Сè уште мора да бидеме внимателни за да го одржиме овој успех“, рече министерот.

Во Малта се пријавени 674 заразени со Ковид-19. Девет лица починаа во текот на четирите месеци од пандемијата, а останатите заболени оздравеа.

Овој медитерански остров успеа успешно да се справи со пандемијата благодарение на фактот дека е мал, а многу луѓе се тестираат и внимателно се следат контактите на заразените.

Сепак, економијата на Малта е силно погодена, па беа принудени да го затворат аеродромот, а приходите од туризам учествуваат со третина од БДП на земјата.

Авионскиот сообраќај е повторно воспоставен од 1 јули, а од вчера е проширен списокот на линии кон 50 земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германските служби за вработување бараат од владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“

Зеленски до лидерите во ЕУ: Војната ќе чини 155 милијарди евра, Ве молам најдете начин да ги обезбедите