Во момент кога речиси 100 мигранти успешно стигнале до британскиот брег, британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, се обидува да ја префрли вината за кризата со илегалните мигранти во англискиот канал врз нејзините француски колеги кои одбиваат да ги вратат бродовите кои се само на неколку метри од брегот на Франција, пренесува „Дејли мејл“.
Во раните утрински часови во средата, околу 90 нелегални мигранти со брод биле однесени од Ла Манш во пристаништето во Довер од Кралската национална институција за спасување со брод (РНЛИ) и британските гранични сили откако тргнале на опасното патување од Франција.
Од почетокот на годината, повеќе од 2.658 илегални мигранти официјално се извадени на брегот, број што ќе се зголеми по новата група во средата. Ова е споредено со 1.890 пристигнувања во текот на цела 2019 година.
Лидерот на партијата „Брегзит“, Најџел Фараж, се пожали дека „инвазијата продолжува“, тврдејќи дека 90 мигранти веќе биле внесени во Довер. Еден брод простигнал на плажата кај Хејстингс, а 30 или повеќе нелегални мигранти се во бегство.
На виртуелниот состанок на Комитетот за внатрешни работи, Пател призна дека постои голем проблем со овие мали чамци. Таа рече дека имала тешки дискусии со својот француски колега, дури и во однос на пресретнувањата на море затоа што, во моментов, француските власти не пресретнуваат чамци на море.
Пател рече дека британската влада има за цел да ја прекине оваа рута за илегална миграција со бродови, велејќи дека единствено изводливо решение е да се пресретнат и да се вратат мигрантските чамци во Франција.
„Сакаме да ја разбиеме оваа рута, сакаме да ја направиме оваа рута неизводлива и, според мене, единствениот начин на кој можеме да го сториме тоа е со пресретнување и враќање на чамците назад во Франција. И со тоа мислам на чамци што се оддалечени само 250 метри од францускиот брег “, рече Пател.
На прашањето од страна на комитетот дали француските власти за имиграција имаат правна моќ да пресретнат чамци во француските територијални води, Пател рече: „Тоа е апсолутно исправно и тоа е она што сакаме да го постигнеме, право да споделуваме правни совети, правни насоки во смисла на поморски закони. “
Серија необврзувачки меѓународни поморски закони – во кои се наведува дека бродовите можат да интервенираат само ако добиле согласност од илегалците – се користи како изговор од Французите, како и од самата Пател, за да се оправда зошто мигрантите не биле веднаш вратени во Франција.
Француската влада не само што одби да ги пресретнува бродовите со мигранти, туку беше фатена како придружува илегални мигранти преку Ла Манш во британските територијални води, каде што беа снимени како им ги предаваат мигрантите на британските гранични сили од страна на Фараж во мај.
Изговорот со меѓународните поморски закони не го спречи поранешниот австралиски премиер Тони Абот успешно да ја прекине нелегалната миграција со бродови во Австралија. Според неговата политика на Операција на суверени граници, која беше воведена во 2013 година, мигрантските бродски ги пресретнуваат на море и ги враќаат и во нивната земја на потекло или ги носат во крајбрежните центри за обработка на азиланти од трети земји.
„Треба да бидете цврсти за да бидете фер, на крајот на краиштата треба да бидете цврсти и да бидете љубезни, а најубавото нешто што можете да направите е да го прекинете шверцот на луѓе. Тоа значи веднаш штом изјави Абот во јуни.