Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати

Струмица – нудел ваучери за гориво за глас за определена политичка партија

ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста, бараат од СДСМ.

„Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат“, велат од партијата.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани за, како што велат, успешните, демократски и соврмени парламентарни избори на кои, се додава во соопштението, победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија.

„Заедно со демократското граѓанско мнозинство, СДСМ го победи режимот на ВМРО-ДПМНЕ и го испрати во неповратно минато“, се наведува во соопштението.

Македонската иднина, додаваат од СДСМ, е во сигурни раце, а земјата и народот продолжуваат напред водени од одговорна и прогресивна власт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј