Утрински Весник
Свет

Авионска несреќа во Турција, загинаа седум полицајци

Авионска несреќа во Турција, загинаа седум полицајци
Dik 300x250 mk

Седум полицајци загинаа кога мал авион, сопственост на турската полиција, се урна на планините во источниот дел на земјата, објави министерот за внатрешни работи.

Авионот враќајќи се од мисијата за набљудување и извидување се урнал на планината Артос во источната провинција Ван, во близина на границата со Иран, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу пред новинарите, пренесува АП.

Сулејман Сојлу рече дека авионот се урнал на планина со надморска височина од 670 метри. Меѓу загинатите се двајца пилоти.

Гувернерот на покраината им оддаде почит на „Твитер“ на седумте херои и им изрази сочувство на нивните семејства.

Во тек е владина истрага, додаде тој.

Планинската и изолирана провинција Ван, на границата со Иран, беше погодена од две лавини во февруари во кои загинаа 41 лице.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп