Утрински Весник
Спорт

Сари: На моменти сум збунет од овој Јувентус

Сари: На моменти сум збунет од овој Јувентус
Dik 300x250 mk

Јувентус нема победа на последните три натпревари во Серија А, но и покрај тоа има комотна предност на челната позиција. „Старат дама“ има седум бода повеќе од Аталната, осум од Лацо и девет од Интер кој вечерва гостува кај СПАЛ и може да ја намали разликата.

Јувентус во Реџо Емилија против Сасуоло по само 12 минути имаше предност од два гола, но на крајот Алекс Сандро спаси бод за својот тим. Бразилецот во 64 минта израмни на 3:3, а 20 минути подоцна од гол-линијата ја исфрли топката во поле по ударот на Бога.

„Тренерот од својот тим очекува конзистентност, а ние физички и ментално тоа го немаме. Имавме одлични моменти, но и моменти што не можам да ги разберам. На моменти имам впечаток дека овој тим има огромен потенцијал, а на моменти сум целосно збунет бидејќи играчите му дозволуваат на противникот премногу лесно да влегува во нашиот шеснаесетник. Мораме да најдеме баланс, тоа не е лесно“, рекол тренерот на Јувентус Маурицо Сари по натпреварот.

Јувентус на последните три натпревари освои само два бода (пораз од Милан 4.2, реми со Аталанта 2:2 и реми со Сасуоло 3:3).

„Игравме против тимови кои се во одлична форма. Сасуоло победи на последните четири натпревари, доколку се консолидираат во иднина можат да бидат како Аталанта“, заклучил Сари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс