Утрински Весник
Македонија

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Јанушев: Трката е тесна, ВМРО-ДПМНЕ има шанси да формира Влада

Генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференцијата пред партиските простории порача дека партијата влегува во трката да формира Влада и дека изборниот резултат бил на нивна страна.

„Рано е да кажеме било што, но факт е дека промените народот ги посакува, народот не сака Влада која е криминална, народот не сака корумпирана Влада, народот сака обнова. Опозицијата покажа дека на овие избори има повеќе гласови од партиите на власта. ВМРО-ДПМНЕ влегува во трката за формирање на нова Влада затоа што постојната е истрошена. Испраќаме уште еднаш благодарност до сите и покрај притисоците, што се одважија да гласаат за обновата на Макеоднија“ рече Јанушев.

На неколку новинарски прашања за изборниот резултат колку е во предност ВМРО-ДПМНЕ и на што се темели податокот дека ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, Јанушев не одговори конкретно, рече дека требало да се почекаат официјалните резултати и дека се уште не е завршено пребројувањето.

„Трката е тесна, речиси изедначена да почекаме да ги видиме финалните бројки, па тогаш можеме да кажеме. Се уште е рано да се коментира било што. СДСМ и друг пат кога прогласувала победа, губела. Не би сакал да шпекулирам со бројки ќе бидете известени доклку има некоја промена“, одоговри кусо Јанушев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација