Утрински Весник
Македонија

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Комисија за следење на изборни нерегуларности: До 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера

Десеттите парламентарни избори завршија од одѕив од 50, 86 отсто. На гласање излегле 922. 678 гласачи од обработени 3466 избирачки места од вкупно 3480.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски рече дека очекува бројот да се зголеми со оглед на тоа што овие податоци се од петнаесетина минути пред затворањето на гласачките места.

Најголем одѕив има Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмал и понатаму останува одѕивот во Шестата изборна единица со 39,23 проценти. Во Првата изборна единица одѕивот е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 отсто.

Денес гласањето, место вообичаените 12 часа, траеше 14 часа поради примената на здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари

Му ја одзеле возачката па ја пријавил како изгубена, кривична пријава за стружанец

Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион