Утрински Весник
Свет

Русија ја заврши првата фаза на испитувањата на вакцина против Ковид-19

Русија ја заврши првата фаза на испитувањата на вакцина против Ковид-19

Два руски центри за медицински истражувања ја завршија првата фаза од тестирањето за вакцината против Ковид-19.

Две групи од 18 доброволци се отпуштени од болница откако одделно учествуваа на 28-дневни клинички испитувања на Првиот московски државен медицински универзитет и Главната воена клиничка болница „Бурденко“.

Пред да бидат отпуштени од болница, пациентите биле подложени на лекарски преглед и им бил извршен тест на крвта, со цел да се утврди развојот на имунолошкиот одговор на новиот коронавирус.Прелиминарните наоди покажуваат дека вакцините се безбедни и дека пациентите добро ги поднеле, немало поплаки, компликации или несакани ефекти за време на испитувањата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран заработил до шест милијарди долари од извоз на нафта за време на примирјето со САД

Браќата Тејт уапсени во Мајами по барање за екстрадиција од Велика Британија

САД извршија нови воздушни напади врз Иран откако загинаа американски војници во Јордан