Утрински Весник
Свет

Во Берлин уапсен сериски силувач со потекло од Србија

Во Берлин уапсен сериски силувач со потекло од Србија
Dik 300x250 mk

Берлинската полиција уапсила човек кој се сомничи за серија силувања извршени во само еден месец. Медиумите јавуваат дека се работи за државјанин на Србија, пренесува „Дојче веле“.

Првото силување се случило пред еден месец. А тогаш во само 31 ден уапсениот маж во Берлин и околината наводно нападнал седум жени од кои пет силувал. Осмата жртва ја силувал вчера во Потсдам, по што е фатен.

„ По уште едно силување во подрачјето на Потсдам, вечерва полицајците успеаа да го фатат 30-годишниот маж, кој, според моменталните сознанија, е баран сериски злоставувач“ објави берлинскиот државен обвинител синоќа на Твитер.

Според наводите на полицијата се рабопти за 30-годишник со српски пасош, кој во период од 12 јуни до синоќа напаѓал и силувал жени. Мажот е осомничен за пет силувања и обиди за силување во главно во шумите во Берлин и околината. Вчерашната жртва џогирала по шумска стаза кога тој и` пришол и ја прашал за патот. Набрзо потоа, како шѓто се наведува, насилникот ја совладал и ја силувал.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп