Утрински Весник
Македонија

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден
Dik 300x250 mk

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и повреда на избирачки молк. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски вели дека тие не можат да го нарушат избирачкиот процес.

„ Во текот на изминативе часови се појавија одредени написи во одредени медиуми за одредени инциденти. На пример во Липково, а претходно во Битола. По проверка се надминаа инцидентите и гласањето продолжи. Имаше еден инцидент со гласачко ливче, гласачот го сликал ливчето. Од страна на МВР беше санкциониран. Исто така има гласачка во Битола која се обидела едно ливче да изнесе од гласачкото место. И таа е санкционирана, го заборавила, го оставила ливчето“, рече претседателот Деркоски.

Сите досегашни недоразбирања и инциденти ги решиле МВР во соработка со изборните органи. Деркоски рече дека се во постојан контакт со изборните органи на терен и се надева дека успешно ќе го завршат изборниот ден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси

Молотов коктел фрлен во двор во Кичево

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме