Утрински Весник
Македонија

Комисија за следење на изборни нерегуларности: До 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера

Комисија за следење на изборни нерегуларности: До 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера

Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето ја известува јавноста дека до 17.00 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, пристигнаа вкупно 10 известувања за настани случени денеска, во тек на гласањето. Поголемиот дел од нив се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии. Две од известувањата се однесуваат на лица кои го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас.

Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно, преземајќи дејствија за расчистување на настаните и утврдување на фактите.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Исмаил: По труењето на над 1.000 гостиварци, време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Скопјани тргнаа на викенд – застој и колони на патарините

Мазутот бил со соодветен квалитет, потврдува вештачењето нарачано од ОЈО ГОКК за предметот „Мазут“