Утрински Весник
Свет

Белгиската министерка за здравство се појави во парламентот со невообичаена маска

Белгиската министерка за здравство се појави во парламентот со невообичаена маска

Белгиската министерка за здравство Меги Де Блок бчера во парламентот носела невообичаена маска за лице со која привлекла големо медиумско внимание. На маската и` било испечатено нејзиното лице.

Фотографијата со маска ја прикачила на нејзиниот Твитер профил и напишала дека целиот приход од продажбата на маски оди во хуманитарни цели.

Белгија, која по смртноста од коронавирус беше меѓу државите со средна големина на најтешко погодените со ковид-19, успеа да ја стави пандемијата под контрола и вчера за првпат од 10 јуни објави дека нема ниту една жртва.

Во Белгија, која има 11,5 милиони жители, бројот на смртност изнесува 850 на еден милион, што, освен државата Сан Марино, е највисока стапка на смртност во светот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кинезите објавија бесплатен модел на вештачка интелигенција кој хакира заштитени мрежи без никакви проблеми

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати