Утрински Весник
Спорт

Луис Суарез: Да се соочиме со реалноста и да бидеме самокритични

Луис Суарез: Да се соочиме со реалноста и да бидеме самокритични

Фудбалерот на Барселона Луис Суарез рекол дека тимот е одговорен ќе остане без титулата во Ла Лига. На два кола до крајот на сезоната Барселона има четири бода помалку од Реал Мадрид.

„Да бидеме искрени, речиси е невозможно да ја освоиме Ла Лига. Мораме да бидеме самокритични. Дозволивме да ни „избега“ титулата. Свесни сме дека ние сме виновни за тоа, нема да бараме оправдувања“, рекол Уругваецот.

„Сега, за да ја задржиме гордоста мораме да победиме на последните два натпревари, а потоа да се фокусираме на Лигата на шампионите. Доколку бидеме на највиското ниво можеме секого да победиме“.

Напаѓачот на Барселона одбил да ја коментира употребата на ВАР на натпреварите на Реал Мадрид.

„Не треба да бараме изговори. Би било добро да сме самокритични и да се соочиме со реалноста“, заклучил Суарез.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале