Утрински Весник
Македонија

Шабани: Немало прекин ниту инцидент во Бутел

Шабани: Немало прекин ниту инцидент во Бутел

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани вели дека инцидент немало. Недоразбирањето било надминато, а процесот на гласање не бил спречен во ниту еден момент.

„ Во Бутел се работело за едно недоразбирање кое е надминато. Немало ниту прекин ниту било каков друг инцидент во конкретното избирачко место“, рече портпаролот Шабани.

Дел од медиумите јавија дека гласањето во Бутел било прекинато откако гласач го фотографирал избирачкото ливче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Возач загинал на патот Крива Паланка – Куманово

СДСМ: Бараме целосна истрага за сите скандали со Јанушев

Уапсена скопјанка кој го предизвикала пожарот кај МТВ