Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Се надеваме дека до крајот на годината ќе имаме вакцина во Србија

Вучиќ: Се надеваме дека до крајот на годината ќе имаме вакцина во Србија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева дека до крајот на годината ќе има вакцина против коронавирус и дека Србија ќе биде во првите 30 земји кои ќе ја обезбедат.

„Ние сме во разговори со земја која веќе ја заврши вакцината и која веќе одредено време на популацијата ѝ ја дава таа вакцина. Се надеваме дека до крајот на годината ќе ја имаме вакцината во Србија“, рекол Вучиќ, пренесе „Б92“.

Српскиот претседател додал дека државата ќе се потруди да биде меѓу првите 30 земји во светот кои ќе ја имаат вакцината.

Тој кажал дека во следните два – три дена се очекува зголемен број на заболени.

„Загрижен сум за состојбата на нашите лекрари. Немаме повеќе болници, сите се ковид-болници, имаме голем прилив на луѓе кои имаат тешка клиничка слика“, рекол тој.

Вучиќ рекол дека се потребни 10 дена строга дисциплина.

„Не знам зошто бегавме од најтешките мерки, тоа никогаш нема да го разберам“, рекол српскиот претседател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно