Утрински Весник
Свет

Америка го укина посебниот економски статус за Хонгконг

Америка го укина посебниот економски статус за Хонгконг

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна одредба со која се укинува преференцијалниот економски третман за Хонгконг, откако Кина воведе нов закон за безбедност во таа област.

„Хонгконг ќе се третира како Кина во иднина, нема да има извоз на американска технологија“, рече Трамп на прес-конференција.

Тоа значи дека компаниите со седиште во Хонгконг ќе мора да преиспитаат што ќе значи оваа одлука за нивниот бизнис.

„Нема посебни привилегии, нема посебен економски третман и извоз на специјални технологии“, рече претседателот на САД, кој најави ваков потег за првпат во мај, пренесува Би-би-си.

Трамп исто така потпиша закон за воведување санкции на кинеските службеници кои, како што тврди, ги кршат правата во Хонгконг, а Кина најави одговор.

Од друга страна, законот за автономија на Хонгконг, кој беше едногласно усвоен од Конгресот претходно оваа недела и беше потпишан денеска, ѝ дава на американската администрација моќни нови алатки за повикување на одговорност на оние кои ги кршат човековите права.

Во соопштението, кинеското Министерство за надворешни работи ги осуди најновите потези на САД, повикувајќи го Вашингтон да престане да се меша во внатрешните работи на Кина.

„Кина ќе ги преземе неопходните мерки за да ги заштити своите легитимни интереси“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани