Утрински Весник
Свет

Медведев: Никој не може да гарантира дека состојбата со вирусот нема да оди на полошо

Медведев: Никој не може да гарантира дека состојбата со вирусот нема да оди на полошо
Dik 300x250 mk

Претседателот на партијата „Обединета Русија“, Дмитриј Медведев, не ја исклучува можноста за последователен бран на коронавирусот.

Затоа, тој смета дека е неопходно да се активира меѓународната соработка во борбата против оваа закана.

„За жал, никој не може да гарантира дека нема да има промена на полошо, дека нема да има втор или трет бран, дека лековите, кои се подготвуваат сега, ќе се покажат ефикасни“, рече Медведев за време на меѓународната меѓупартиска тркалезна маса за соработка од областа на безбедноста за време на пандемија.

Тој го цитираше мислењето на еден од водечките американски експерти за заразни болести дека пандемијата штотуку започнала.

„Ајде да размислиме за тоа, ова го вели експерт од земја во која веќе се разболеа три милиони луѓе“, рече Медведев, кој истовремено е заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност.

„Само со заедничко работење може да се обидеме да ги постигнеме посакуваните резултати“, заклучи тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата беше несреќа или напад

Кина ги повика САД на сериозно почитување на меѓународната забрана за нуклеарни тестирања

Трамп: САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина