Утрински Весник
Спорт

Мурињо бесен: Одлуката Сити да се спаси од суспензија е срамна!

Мурињо бесен: Одлуката Сити да се спаси од суспензија е срамна!

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо пред мечот од 36 коло во ПЛ против Њукасл ја коментираше одлуката на Судот за спортска арбитража да не го суспендира Манчестер Сити во УЕФА натпреварите во следните две сезони.

„Ако Сити не е виновен, а казнет е со неколку милиони, тогаш тоа е срамота. Ако не си виновен, не треба да бидеш казнет. Ако си виновен, тогаш треба да бидеш исфрлен. Срамна одлука, катастрофа. Не велам дека Сити е виновен, само велам дека ако не си виновен, не плаќаш ниту фунта. Знам дека тие имаат пари, но се работи за принцип. Можеби не ни погрешиле воопшто, а треба да плаќаат милиони евра за ништо“ вели Мурињо.

Тој ја прокоментира и ситуацијата со финансискиот фер-плеј во Тотенхем.

„Спарси се Спарси и не мислам дека тие го менуваат менталитетот кој од повеќе аспекти е повеќе од коректен. Мислам дека ова ќе е крај на финансискиот фер плеј, затоа што нема поента. Во мојата глава е јасно, ако Сити не е виновен, одлуката е срамота, ако е виновен, пак е срамота“ смета Португалецот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Паднаа првите затворски казни за расизам на стадионите во Шпанија

Британци ќе бидат сопственци на Евролигата?

ЕП за фудбалери со заедничка кандидатура на Србија и Албанија