Тренерот на Интер Антонио Конте рекол дека целосно и е посветен на работата, но бил подготвен да замине доколку клупските челници не се задоволни.
Конте минатото лето пристигна во Интер, а по поразот од Болоња пред неколку дена започнаа шпекулациите дека тој би можел да замине по само една сезоната.
Интер се наоѓа на второто место на табелата со осум бода помалку од водечкиот Јувентус. Ист број на бодови како Интер има и Лацио.
„Интер ме повика за три годишен проект, да ги вратам даму каде што заслужуваат да бидат, јасно е дека за нешто такво е потребно време. Дојдов тука со многу ентузијазам. Договорот ми трае три години, доколку сакаат да го продолжат…Јас сум среќен, замен дека пред нас е долг пат, но доколку сите се задоволни од работата што ја обавувам, што мислам дека сега е случај, тогаш не гледам причина зошто да не продолжиме да работиме. Доколку не се задоволни, тогаш веднаш ќе си заминам“, рекол Конте.
Антонио Конте во кариерата бил шампион со Јувентус и Челси, бил селектор на Италија, а работел и во Сиена, Аталанта, Бари и Арецо.