Утрински Весник
Спорт

Кој ќе игра во ЛШ – Лестер има најтежок распоред

Кој ќе игра во ЛШ – Лестер има најтежок распоред

До крајот на сезоната во Премиерлигата голема борба ќе се води помеѓу Челси, Лестер и Манчестер Јунајтед за пласман во Лигата на шампионите. Две места веќе обезбедија Ливерпул и Манчестер сити.

На три кола до крајот на сезоната во Премиерлигата Челси има 60 бода на третото место, еден повеќе од Лестер и Манчестер Јунајтед. Зад нив се Вулверхемптон со 55 и Шефилд Јунајтед со 54 бода.

Кои два тима ќе им се приклучат на Ливерпул и Сити ќе биде познато по одигрувањето на последното коло кое на програмата ќе биде на 26 јули.

Најтежок распоред од трите наведени клуба има Лестер кој најголем дел од сезоната се наоѓаше на третото место.

Распоредот на Челси, Лестер и Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната:

Челси-Норич (вторник, 21.15)
Ливерпул-Челси (22 јули, 21.15)
Челси-Вулверхемптон (26 јули, 17.00)

Лестер-Шефилд Јунајтед (четврток, 19.00)
Тотенхем-Лестер (19 јули, 17.00)
Лестер-Манчестер Јунајтед (26 јули, 17.00)

Кристал Палас-Манчестер Јунајтед (четврток, 21.15)
Манчестер Јунајтед-Вест Хем (22 јули, 19.00)
Лестер-Манчестер Јунајтед (26 јули, 17.00)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување