Утрински Весник
Спорт

Кадиз го потврдија трансферот на Негредо

Кадиз го потврдија трансферот на Негредо

Фудбалскиот клуб Кадиз по 14 години се врати во Примера и веднаш го потврди првиот трансфер за наредната сезона. На стадионот „Рамон де Каранса“ ќе пристигне искусниот напаѓач Алваро Негредо.

Претседателот на Кадиз Мануел Вискаино потврдил дека ги договорил сите детали за трансферот на Негредо од Ал Наср.

34 годишниот напаѓач во кариерата играл во Валенсија, Мидлзбро, Бешикташ, Севилја, Манчестер сити, Рајо Валјекано и Алмерија.

За репрезентацијата на Шпанија настапил на 21 натпревар, постигнал 10 гола.

Кадиз во периодот од 1985 до 1993 година редовно играше во Примера, додека во последните 27 години само во сезоната 2005/2006 бил член на елитниот ранг во шпанскиот фудбал.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk