Утрински Весник
Македонија

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира за разумно и рационално користење на водата

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира за разумно и рационално користење на водата

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до граѓаните за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Воедно, велат од таму, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, се спроведуваат акции за исклучување на диви приклучоци.

Дивите приклучоци се забранети со закон и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот, врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде покрената прекршочна постапка за сторено кривично дело.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Извештајот на ЕК покажува: „Чувствата” на Мицкоски ги поклопија правото и правната држава

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до локалната власт во Гостивар, повика на целосна истрага за случајот со водата