Утрински Весник
Македонија

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира за разумно и рационално користење на водата

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира за разумно и рационално користење на водата

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до граѓаните за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Воедно, велат од таму, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, се спроведуваат акции за исклучување на диви приклучоци.

Дивите приклучоци се забранети со закон и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот, врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде покрената прекршочна постапка за сторено кривично дело.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сменети 15 полициски раководители во Србија по заплената на марихуана од Македонија

Николоски: Новиот оператор „4iG“ во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа на Илон Маск

Апелација му изрече 19 месеци затвор на Мухамед Зеќири