Утрински Весник
Спорт

Севилја избори место во ЛШ, Милан ќари 24 милиони евра

Севилја избори место во ЛШ, Милан ќари 24 милиони евра

Крилниот напаѓач на Милан кој од јануари е позајмен во Севилја, Сусо (26), дресот на клубот од Андалузија ќе го носи и во наредната сезона.

Севилја, вечера по поразот на Виљареал од Реал Сосиедад (1:2) и теоретски обезбеди место во Лигата на шампионите, што значи дека клубот има обврска да го откупи договорот на Сусо од Милан за 24 милиони евра.

Сусо има одиграно 18 натпревари за Севиља, постигнал еден гол и забележал две асистенции.

Шпанецот професионалната кариера ја започна во Ливерпул (2012-2015), за Милан одиграл 126 натпревари, на кои постигнал 21 гол.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД