Утрински Весник
Македонија

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори.

Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со ковид и оние во самоизолација, денеска гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

За гласање се пријавени 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.

Гласање ќе се спроведува и во 13 Казнено-поправни установи, пришто запишани се 1.657 гласачи и лица во домашен притвор.

Во старските домови, гласачкото право ќе го остварат 357 гласачи.

 

Право на глас на овие десетти парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петровска: Пет дена се криела информацијата за труењето во Гостивар – граѓаните заслужуваат одговори, а не молк

УЈП најостро го осудува нападот врз даночните контролори

Клековски: Во последните 24 часа примени 260 пациенти со стомачни тегоби