Утрински Весник
Свет

(Видео) Поради масовните забави на плажите во Ница, маските на отворено ќе станат задолжителни

(Видео) Поради масовните забави на плажите во Ница, маските на отворено ќе станат задолжителни

Градоначалникот на Ница во неделата рече дека жали за непочитувањето на мерките, особено физичкото растојание на крајбрежјето на градот за време на забавите што се случија во последниве денови. Тој исто така најави дека во иднина заштитните маските ќе бидат задолжителни на слични настани на отворено.

Најмасовната забавата одно концерт била организиран од локалниот продуцент на електронска музика The Avener. На неа се собрале огромен број луѓе, неколку илјади, а мерките против ширењето на коронавирусот генерално не се почитувале.

Највеќе луѓе се собрале на познатото крајбрежно шеталиште Promenade des Anglais, што налути некои критичари на настанот кои своето незадоволство го искажале преку социјалните мрежи. Франција во моментов стравува од втор бран на епидемијата на коронавирус.

„Жалиме што овие правилата не се испочитуваа доволно“, напиша градоначалникот Кристијан Естроси на „Твитер“.

„Во Ница, сега ќе биде задолжително да се носат маски за сите организирани настани“, додаде тој и потсети дека секој што присуствува на настани во затворен простор, како што се концерти, веќе мора да носи маска.

Градските власти инсистираа на тоа дека не бил надминат максималниот број од 5.000 лица дозволени на кој било јавен собир во Франција, дури ни во областа која во нормални услови може да собере до 36.000 луѓе.

Фотограф на АФП изјави дека густината на луѓето била малку поголема во некои области, но, според него, тоа се должело на фактот дека тие барале подобра локација за слушање на музиката, бидејќи квалитетот на звукот не бил насекаде ист.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме