Утрински Весник
Спорт

Тежок удар за Лејкерси, останаа без плејмејкер, Рондо се повреди

Тежок удар за Лејкерси, останаа без плејмејкер, Рондо се повреди

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се подготвуваат во Орландо за продолжението на сезоната во НБА лигата, а по вториот тренинг во Дизниленд, се соочија со голем проблем.

Еден од најдобрите играчи, плејмејкерот Режон Рондо доживеа тешка повреда на раката и извесно време ќе биде надвор од паркетот.

Информациите се дека Рондо заработил скршеница на палецот на десната рака и се очекува неговата пауза да биде меѓу 6 и 8 недели.

До прекинот на сезоната поради пандемијата од коронавирусот, Рондо играше на 48 меча со учинок од 7.1 поен, 5 асистенции и 3 скока на меч.

Тимот од Калифорнија веќе остана без услугите на Ејвори Бредли затоа што тој поради опасниот вирус одлучи да не патува во Орландо. На негово место во тимот се најде Џеј Ар Смит.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите