Утрински Весник
Спорт

Тежок удар за Лејкерси, останаа без плејмејкер, Рондо се повреди

Тежок удар за Лејкерси, останаа без плејмејкер, Рондо се повреди

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се подготвуваат во Орландо за продолжението на сезоната во НБА лигата, а по вториот тренинг во Дизниленд, се соочија со голем проблем.

Еден од најдобрите играчи, плејмејкерот Режон Рондо доживеа тешка повреда на раката и извесно време ќе биде надвор од паркетот.

Информациите се дека Рондо заработил скршеница на палецот на десната рака и се очекува неговата пауза да биде меѓу 6 и 8 недели.

До прекинот на сезоната поради пандемијата од коронавирусот, Рондо играше на 48 меча со учинок од 7.1 поен, 5 асистенции и 3 скока на меч.

Тимот од Калифорнија веќе остана без услугите на Ејвори Бредли затоа што тој поради опасниот вирус одлучи да не патува во Орландо. На негово место во тимот се најде Џеј Ар Смит.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1