Утрински Весник
Свет

Најмалку 141 лице загинаа во поплавите во долината на реката Јангце

Најмалку 141 лице загинаа во поплавите во долината на реката Јангце

Долината на реката Јангце е погодена од врнежи од дожд какви што не се паметат во последните 50 години и поплави во кои има бројни човечки жртви, вкупно 141 досега.

„Речиси целата територија на Кина е погодена од невремето, вклучувајќи ги и областите во западниот дел на земјата – Тибет и Ксинџијанг“, рече заменик-министерот за вонредни ситуации Шенг Гугуанг.

Штетата е проценета на неколку стотици милиони долари, што ѝ нанесе нов удар на кинеската економија, која е во тешкотии поради пандемијата на коронавирус.

Провинцијата Хубеи, богата со реки и езера, беше особено погодена, но поплавите исто така сериозно ги загрозија градовите во централна и јужна Кина.

„Освен зголемувањето на нивото на најголемата азиска река Јангце, и другите реки и езера во Кина имаат зголемено ниво на вода“, предупреди Шенг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Меѓународната агенција за атомска енергија повика на воздржаност по нападот врз нуклеарниот комплекс во Иран

Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух