Утрински Весник
Свет

Аеродромот во Милано по четири месеци ги отвора вратите

Аеродромот во Милано по четири месеци ги отвора вратите

Аеродромот во Милано „Линате“ ќе биде отворен денес по четири месеци, но првите два дена ќе поминат без летови.

Првите летови, кои ќе ги реализираат авиокомпаниите „Луфтханза“, „Иберија“ и „Ер Малта“, се закажани за во среда, а италијанската компанија „Алиталија“ ќе има летови од 24 јули.

Патниците се должни да носат заштитни маски на аеродромот и да ги почитуваат правилата за физичко растојание, а на влезот ќе им се мери температура.

Аеродромот беше затворен во почетокот на март, како дел од мерките за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот