Утрински Весник
Спорт

Комични сцени во Романија – три пати промашија ист пенал

Комични сцени во Романија – три пати промашија ист пенал

Неверојатни сцене, за рубриката верувале или не, се случи во Романија, на бараж-натпреварот за пласман во елитната дивизија помеѓу Петролул и Рапид од Букурешт.

Петролул со играч повеќе на теренот во 67 минута добија пенал. Голманот Попа го одбрани ударот на Арнаут, меѓутоа голманот пред време ја напуштил гол-линијата поради што судијата решил да го повтори пеналот. Поради протестите голманот на Рапид доби жолт картон.

Повторениот пенал го изведе Маринеску, а Попа го одбрани и неговиот шут, меѓутоа повторно пред време ја напуштил гол-линијата. Судијата го поништи пеналот, а Попа го доби вториот жолт картон.

Петролул повторно го сменија изведувачот. пеналот го изеде Мезаколи, а на голот на Рапид застана Татру. Ударот на играчот на Петролул заврши над голот.

На крајот натпреварот заврши без голови.

https://www.youtube.com/watch?v=-3adcr5-LQA

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување