Утрински Весник
Спорт

Почина светската првенка во брзо лизгање

Почина светската првенка во брзо лизгање
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светската првенка во брзо лизгање на кратки патеки Лара ван Рујвен почина на 27 годишна возраст. Ван Рујвен боледувала од авто имуна болест. Таа се разболела минатиот месец за време на тренинг кампот во Перпигнан, Франција.

Лекарите веднаш ја ставиле во вештачка кома и била извршена операција меѓутоа нејзината состојба рапидно се влошила.

„Ова е неверојатен удар за нашата сплотена заедница. Ни недостигаше во изминатите две недели, а оваа вест што ја добивме, тажно“, рекол тренерот на холандската репрезентација Јерон Отер.

Ван Рујвен минатата година стана светска првенка на шампионатот во Софија. Таа на Зимските олимписки игри во Пјонгчан беше членка на штафетата на Холандија која освои бронзен медал на трката на 3.000 метри.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов