Холивудската sвезда Џорџ Клуни (59) е фотографиран како ужива во друштво на својот тригодишен син Александер, што е вистинска реткост, иако папараците постојано го следат.
Актерот го водел малиот наследник кај офталмолог, а на лицето како заштитна маска во борбата против Ковид-19 носел марама.
Иако оделе во кратка посета на лекар, грижливиот татко понел оброк и пијалак за своето синче.
Александер, кој на прв поглед личи на мајка му Амал Клуни, е облечен во бела поло-маица, тексас-фармерки и бели патики „адидас“, а во раката држи играчка.
Тој ја држел раката на својот татко цело време, па дури и кога влегле во ординацијата.
Џорџ и Амал се венчаа во септември 2014 година, а близнаците Александер и Ела ги добија на почетокот на јуни 2017 година. Тие се родени во Лондон.
Познатата двојка за своите деца нарачала куќа од 112.000 долари, што ќе им биде место за забава. Куќата за играње ќе се состои од два ката, а ќе биде направена по примерот на вила во Англија.