Утрински Весник
Македонија

Притвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Притвор за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски
Dik 300x250 mk

Триесетдневен притвор му одреди велешкиот суд на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, поради тоа што не се појавил на рочиште за главна расправа за предметот „АКМИС“, објави Коалицијата за правично судење.

„ Главната расправа се одложи поради отсуство на обвинетиот и неговиот бранител. Судот на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од Коалицијата.

Против Владимир Панчевски уште пред една година беше поднесен обвинителен предлог од страна на скопското обвинителство, за злоупотреба на службената положба во врска со системот за управување со судските предмети (АКМИС) во Кривичниот суд.

Судењето се одложува повеќе од 9 месеци и досега не е почната ни главната расправа.

На Панчевски треба да му суди велешкиот суд, за да се избегне евентуална пристрасност бидејќи тој претходно раководеше со Кривичниот суд во Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

М-НАВ ангажира адвокати по 12.000 денари на час или 9.600 евра само за 48 часа

Таравари: Албанската опозиција доби над 25% повеќе гласови од ВЛЕН

Уапсени двајца полициски службеници осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица, поднесена кривична пријава