Утрински Весник
Свет

СЗО: Се уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

СЗО: Се уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола, иако бројот на случаи е повеќе од двојно зголемен во последните шест недели.

„Постојат бројни примери во целиот свет кои покажуваат дека иако епидемијата е многу интензивна и натаму може да се стави под контрола“, изјавил пред новинарите генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус, наведувајќи ги како пример Шпанија, Италија и Јужна Кореја.

„Само со агресивно однесување заедно со национално единство и светска солидарност може да го промениме патот на пандемијата“, порачал Гебрејесус.

Тој го повторил значењето на детекцијата на заразени, следење на изолационите контакти на пациентите за да се пробие синџирот на пренесување на инфекцијата.

Во пандемијата починаа над 550.000 луѓе во светот од кога канцеларијата на СЗО во Кина ја пријави болеста кон крајот на декември минатата година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД