Утрински Весник
Свет

Шефот на канцеларијата на Трамп: Претседателот ќе потпише одредба за пониски цени на лековите

Шефот на канцеларијата на Трамп: Претседателот ќе потпише одредба за пониски цени на лековите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе потпише три извршни одредби за намалување на цените на лековите на рецепт, објави шефот на неговата канцеларија, Марк Медоус.

„Претседателот ќе потпише три различни извршни одредби кои во голема мера ќе гарантираат дека просечниот Американец ќе плати помалку за неговите лекови на рецепт“, рече Мејдоус во интервјуто за „Фокс бизнис нетворк“.

Тој не даде детали кога ќе бидат потпишани одредбите.

Медоус изјави за „Фокс њуз“ дека Белата куќа сакала да стори нешто околу цената на лековите што се издаваат на рецепт, бидејќи Конгресот не презел конкретни мерки.

Истиот ден, Претставничкиот дом усвои предлог-закон за здравство, кој вклучува одредби за намалување на цените на лековите на рецепт. Претставничкиот дом го контролираат демократите, а законот се очекува да биде блокиран од Сенатот кој е контролиран од републиканците, забележува „Ројтерс“.

Трамп заостанува зад претседателскиот кандидат на демократите Џо Бајден, во анкетите пред претседателските избори на 3 ноември, а трошоците за здравствена заштита се централно прашање во кампањата, потсетува агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk