Утрински Весник
Свет

Трамп: Демократската радикална левица му го испрала мозокот на Бајден

Трамп: Демократската радикална левица му го испрала мозокот на Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека влијанието на колегите-демократи врз политиките на Џо Бајден го довело до тој степен што тој не знае каде се наоѓа, нешто што би било штетно за земјата ако тој победи во трката за Белата куќа во ноември, пренесува „Спутник“.

Во четврточната епизода на „Ханити“ на „Фокс њуз“, Трамп посочи дека левичарското крило на Демократската партија му го испрала мозокот на неговиот демократски ривал Бајден.

„Мислам дека го испрале мозокот“, истакна Трамп. „ Тој не знае каде се наоѓа. Не знае што прави. И нашата земја ќе трпи. Нашите берзи ќе паднат. Ќе се случат лоши нешта,“ кажа тој.

Трамп понатаму истакна дека демократите се подготвени да престанат да ја финансираат полицијата, па дури и да ја укинат, што, според него, може да предизвика негативна реакција или можеби и  витински пекол како во Венецуела.

„Бајден е превземен од радикалната левица. Тој нема поим што прават и на што го тераат”, му рече Трамп на водителот Шон Ханити.

Кога Ханити подоцна го праша Трамп дали Бајден се обидува да ги избегне закажаните дебати оваа есен, интервјуто се фокусираше околу тоа дали Бајден рекол дека редовно се подложува на когнитиви тестови или на тестови за Ковид-19.

„Тој мислеше на тестовите за Ковид“, рече Трамп. „Не мислеше „когнитивни“, мислеше на „Ковид“. Когнитивните тестови не се прават толку често,“ рече Трамп пред да го предизвика Бајден да се подложи на истиот когнитивен тест во медицинскиот центар „Волтер Рид“ како и во 2018 година.

Трамп понатаму предложи интересна причина зошто Бајден не можел да зборува за ништо друго освен за тестирање на Ковид-19:

„Тој не мислеше на когнитивни тестови зашто никогаш не поминал когнитивен тест затоа што не може да го помине“, резимираше Трамп, продолжувајќи да го исмева претпоставениот демократски ривал.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН: Над 1.500 луѓе веќе се убиени во насилствата на бандите на Хаити оваа година

Ќе расте цената на лукот

Киев ги зајакна безбедносните мерки по нападите со руски балистички проектили