Утрински Весник
Македонија

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Затворени две текстилни фабрики во Свети Николе, пријавени се случаи на коронавирус

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.

„Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од Ковид-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на општина Свети Николе, менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ одлучи, од денес 10.07.2020 (петок) да се затворат погоните на фабриките со цел намалување на ризиците од ширење на коронавирусот во истите во наредните денови“, објави Велковски.

Тој додава дека добил информација дека сите 830 вработени ќе бидат подложени на скрининг тест со цел утврдување на точната бројка на број на заболени лица.

Вкупната бројка на заболени од Ковид-19 во општина Свети Николе до денес е 79.

Велковски апелира до сите граѓани да се придржуваат до мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата за соодветна заштита од коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче

Мицкоски: Наскоро ќе видите како се прислушувало последните години, ќе се згрозите