Утрински Весник
Спорт

Перез најбрз на тренингот во Австрија

Перез најбрз на тренингот во Австрија
300x250 (7)

Возачот на Рејсинг Понт Серхио Перез го забележа најбрзото време на првиот слободен тренинг во пресрет на втората трка во сезоната, Големата награда на Штаерска.

На патеката во Австрија сите возачи во најголем дел од тренингот возеа со тврди и медиум пенвматици. Оерез забележа најбрз круг 1:04.867 минути. Ова време беше побрзо од времето што го постави Макс Ферстапен за само 96 илјадити делови од секундата.

Зад најбрзите двајца се пласираа возачите на Мерцедес, победникот на првата трка во сезоната Валтери Ботас и актуелниот светски првак Луис Хамилтон.

На првиот тренинг потфрлија возачите на Ферари кои имаа за речиси една секунда послабо време, Себастијан Фетел беше десетти, а Шарл Леклер дванаесетти.

Можност да возат на првиот тренинг во Австрија добија Роберт Кубица во Алфа Ромео на местото на Антонио Џовинаци, односно Џек Аиткен кој во Вилијамс го замени Џорџ Расел.

Резултати

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

УЕФА прифати зголемување на бројот на фудбалери кои репрезентациите ќе ги имаат на располагање за ЕП-2024

Добра вест за Анчелоти е враќањето на Куртоа во тимот

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале