Во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, откриено е лице кое со години шпионирало за египетската разузнавачка служба.
Станува збор за соработник на главниот портпарол на германската влада, Штефан Сајберт, кој бил разоткриен како египетски таен агент.
Вработениот во службата за прес и информации на германската влада е осомничен дека повеќе години работел во египетската разузнавачка служба.
Федералната криминалистичка служба презеде извршни мерки против лицето во декември минатата година, по наредба на федералното обвинителство, се наведува во извештајот за безбедност, кој беше претставен во Берлин.
Истрагата е сè уште во тек.
Обвинителството за германски „Билд“ потврди дека е покрената истрага против лицето поради сомневање за разузнавачки активности.
Според весникот, осомничениот во владата бил државен службеник на средно ниво.
Федералната прес служба не сакаше да го коментира случајот, потенцирајќи дека тие не се мешаат во тековни истраги.