Утрински Весник
Свет

Хонгконг ги затвора училиштата поради зголемување на бројот на заразени

Хонгконг ги затвора училиштата поради зголемување на бројот на заразени

Заводот за образование во Хонгконг објави дека сите училишта престануваат да работат поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус.

Повеќето училишта во азискиот финансиски центар главно се затворени уште од февруари, а многумина се префрлија на учење и предавање преку интернет. Покрај тоа, летните одмори започнаа во голем број меѓународни училишта, пишува „Ројтерс“.

Вчера имаше 42 нови случаи во Хонгконг, втор ден по ред со зголемување на бројот на локални инфекции. Министерот за образование, Кевин Јунг, рече дека учениците и родителите на учениците биле меѓу оние што неодамна биле заразени.

Досега во градот се пријавени вкупно 1.366 случаи на „Kовид-19“, а седум лица починале.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сибиха: Над 1.700 Африканци војуваат во Украина, на страната на Русија

Зеленски телефонски разговараше со Трамп за идните состаноци за завршување на војната во Украина

Се затвора Радио Слободна Европа во Бугарија и во Романија